Филипче: Анкетите покажаа пад на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ од 100.000 гласа споредено со ланските избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска одржа работен состанок со членовите на општинската организација на СДСМ, Гевгелија. Од таму тој порача дека ВМРО-ДПМНЕ ја блокира иднината на државата. Според Филипче граѓаните се разочарани од вледеењето на власта предовдена од Христијан Мицкоски и поради лошата економијата и секојдневните скандали. Тој информираше дека партиските анкети покажале огромен пад на довербата во ВМРО-ДПМНЕ.

„Огромно е разочарувањето на граѓаните од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Причините сите ги знаеме, неисполнети ветувања, катастрофа во економијата, пад на животниот стандард на граѓаните, секојдневни скандали кои ја тресат власта, блокирана иднина на државата. Последните две анкети кои што се направени и завршени пред неколку денови покажуваат пад на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ од 100.000 гласа споредено со ланските избори“, рече Филипче пред членовите на општинската организација на СДСМ во Гевгелија.

Зачлени се на нашиот е-билтен