Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Филипче: Да ги надминеме внатрешните поделби и да работиме заедно кон заеднички цели

СДСМ мора конечно да ги надмине внатрешните поделби и сите во партијата да работат заедно кон заеднички цели. Единството и солидарноста се од суштинско значење за нашиот успех. Таборизација и перцепција во јавноста дека во СДСМ секогаш има три струи, мора да се менува. Организацијата мора да биде компактна и обединета. Сите мора да работат за иста цел, истакнува во интервју за Фокус кандидатот за претседател на СДСМ, Венко Филипче.

Во интервјуто Филипче вели дека ќе се залага за изградба на силна комуникација и долгорочна стратегија, за што треба да се вклучат врвни внатрешни и надворешни експерти, минати функционери, луѓе со искуство што го познаваат и го сакаат СДСМ.

„СДСМ, под мое водство, ќе продолжи да се бори за социјална правда, еднаквост и демократија“, вели Филипче.

Тој смета дека членството и раководството на партијата не смее да дозволи популистичкиот бран да ја отргне СДСМ од посветеноста на принципите што ги дефинираат како социјалдемократи.

Според Филипче, на СДСМ му се потребни длабоки реформи, како подобрување на внатрешната демократија, процесите на носење одлуки како и поголема транспарентност. Во однос на внатрешната организација, односот и начинот на работа на партијата, како и менталитетот на самата партија, според него се потребни длабоки реформи.

„Прво, мора да ја подобриме внатрешната демократија. Процесите на донесување одлуки мора да бидат поинклузивни и потранспарентни. Секој член на нашата партија треба да има глас, а нашето раководство мора да одговара пред членството. Понатаму, потребни се механизми за комуникација и давање глас на членството. Ќе воведеме нови механизми за ангажирање на нашите членови, само така тие ќе бидат ефективни промотори на нашите вредности и политики“, вели Филипче во интервјуто за Фокус.

Зачлени се на нашиот е-билтен