Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Филипче: Фактурите од договорот со Унгарија веќе пристигнуваат

Три поколенија ќе ги враќаат позајмувањата на премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ зад кои се кријат очигледни матни намери, истакнува претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервју за неделникот „Фокус“.

Тој вели дека ставањето на државата во економско и политичко заложништво на друга земја е многу погрешен чекор, кредитот од Унгарија е всушност бизнис план на Мицкоски кој со сигурност ќе оди на штета на граѓаните.

-Мицкоски обвинуваше за наводно подаништво на СДСМ кон ЕУ, а сега тој лично е најголемиот поданик на Унгарија, земја со отворено происточни тенденции и нејасна улога во рамките на Европската Унија.

При состојба на ваков долг кон Унгарија, несомнено е дека и политичките одлуки и целосната стратешка ориентација на земјата ќе бидат под силно унгарско влијание.

Фактурите од договорот со Унгарија веќе пристигнуваат, смета Филипче, а допрва ќе ги видиме и другите фактури и бизнис интереси што се кријат зад договорот за кредитот.

-Веднаш по кредитот стигна и најавата дека телекомуникациска компанија блиска до унгарскиот премиер, Виктор Орбан влегува во државата.

Таа се најавува како некаква голема инвестиција која реално ништо нема да донесе за граѓаните и економијата.

Но, Владата не одговара, како унгарскиот мобилен оператор „4iG“ ќе влезе во земјава кога има стратешко партнерство со кинеска компанија и тоа е спротивно на домашните закони со кои се обврзуваме да користиме телекомуникациски системи од доверливи добавувачи, вели Филипче.

Но тоа е едниот проблем, другиот проблем е потенцијалната корупција која се спрема со овие пари, изјави Филипче Една од причините за кредит од земја, а не од финансиска институција, според него, е помалата контрола врз тоа како ќе се трошат парите.

-Ова значи дека овие пари ќе се потрошат неконтролирано што апсолутно значи дека ќе има многу корупција.

Според нашите информации, ВМРО-ДПМНЕ и за делот кој се однесува на проекти од општините веќе преговара со компании кои ќе ги работат проектите, при што ќе бидеме сведоци на офајдување на бизниси блиски до ВМРО-ДПМНЕ, вели Филипче.

Зачлени се на нашиот е-билтен