„Најостро ја осудувам дискретицијата на членови на македонскиот дел од заедничката комисија со Бугарија. Со тоа се поткопува суштината не целиот тој процес и се дискредитира експертизата на членовите во комисијата“, истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче на прашање за изјавите на политичари од власта за работата на Мешовитата македонско бугарска комисија за историски и образовни прашања.
Тој рече дека политичарите треба помогнат само во охрабрувањето да се најде нов модел за работа на комисијата или за разрешување на историските недоразбирања.
„Треба да ги прифатиме моделите на некои од европските земји кои имале слични прашања. Ние не сме единствените кои решаваат вакви проблеми. Имало меѓу Германија и Полска, меѓу Австрија и Словенија, меѓу Франција и Германија и тие проблеми се решени“, посочи Филипче.
Филипче гледа со одобрување на вклучувањето на меѓународни експерти за овие прашања ќе помогне.
„Дефинитивно ќе помогне да се оттргне политичкото влијание кое на ниту една страна не му носи добро. Второ, ќе донесат искуства од претходните комисии во коишто работеле“, рече Филипче.