Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Филипче: Мицкоски и Орбан ќе зборуваат за зделки за кредитот, нема што политички да разговараат

„Каква иронична ситуација, да дојде да не посети претседавачот со Европската Унија на денот кога нашиот премиер Христијан Мицкоски кажува дека не продолжуваме со преговори со ЕУ“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во „Само интервју“ на Канал 5.

Тој додаде дека можеби некој се надевал оти премиерот ќе направи нешто согласно ветувањата, дека ќе ги подобри преговарачите позиции, но сето тоа падна во вода.

„Сега единствено нешто за што ќе зборуваат Орбан и Мицкоски се зделки во однос на кредитот. Политички нема што да се зборува“ рече Филипче.

Тој додаде дека кредитот од Унгарија е испреговаран нетранспарентно и додека ВМРО-ДПМНЕ беше се уште во опозиција.

„Зошто во услови кога ги имаме сите механизми преку меѓународни финансиски институции, коишто земјата ги користела секогаш, сега за прв пат од непознати причини да позајмуваме пари од друга држава?“ запраша Филипче.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново