Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Филипче: Мицкоски треба да каже дали воопшто имаат план како напред во евроинтеграциите

Откако денеска Албанија ги продолжи преговорите со ЕУ, лидерот на СДСМ Венко Филипче во интервју на Сител телевизија јавно го повика премиерот Христијан Мицкоски да каже кој е планот за Македонија во евроинтегративниот процес.

„Ние сега се одвоивме од Албанија, тие имаа меѓувладина седница со којашто ги отвораат поглавјата. Еве Албанија веќе оди напред и требаше да бидеме заедно, а не сме и затоа треба да знаеме каков е планот и која е временската рамка на Владата по ова прашање. Владата треба да каже кој е планот, треба да каже имаат ли воопшто план како напред“ рече Филипче.

Според него Македонија не продолжува напред затоа што Владата не ги става уставните измени на дневен ред а току тоа е условот поставен во Преговарачката рамка на ЕУ.

Филипче истакна дека со внесувањето на Бугарите во Уставот никој не губи ништо, а Македонија го забрзува патот кон членство во европските интеграции.

„Ние во целокупниот изминат приод, од повеќе децении, не сме имале лесен пат, во преговорите и пристапувањето кон ЕУ. Сме имале, многу блокади. Но ова е првпат да ние се самоблкираме и да не го направиме следниот чекор и за тоа, ексклузивно е виновна оваа Влада на ВМРО ДПМНЕ. Ова што сега е изготвено од претходната наша влада како предлог, е нешто што, за разлика од лажната кампања на ДПМНЕ за време на изборите, со којашто не напаѓаше сериозно, е исполнето како предлог, во којшто нашите национални интереси, јазикот, културата на македонскиот народ се целосно заштитени.

Второ, со самото ставање на бугарското малцинство во уставот, за првпат паѓа во вода повеќедецениската бугарска политика на еден народ во две држави. Се прави јасна разлика, помеѓу двата народи. И трета работа, за првпат идентитетските прашања се целосно надминати. Веќе не се зборува за идентитетски прашања, туку станува збор за малцински права коишто треба да се почитуваат. Така што тој предлог, сметам дека никако не допира, или го става во кој било ризик идентитетско прашање, на македонскиот народ и е навистина успех на нашата дипломатија“ порача Филипче.

Зачлени се на нашиот е-билтен