„Европската агенда ќе биде приоритет за моето претседавање со Националниот совет за евроинтеграции. Советот е вистинското место за консултации и редовна комуникација на реформската агенда, посебно за обезбедување на демократската контрола на спроведувањето на овие процеси“, претседателот на Националнит совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на седмата пленарна конференција на Националната конвенција за Европската унија, што се држа во Собранието.
Според Филипче, главна функција на Националниот совет за евроинтеграции е да биде и контрола на Владата за сите европски процеси, но и да нуди конструктивна соработка. Во таа тој најави дека Советот ќе одржува многу чести седници, и дека неговата работа ќе биде инклузивна, транспарентна и отворена за секој кој има волја и желба да даде придонес за стратешките прашања.
„Европската агенда ќе биде приоритет за моето претседавање со Националниот совет за евроинтеграции. Совет е вистинското место за консултации и редовна комуникација на реформската агенда, посебно за обезбедување на демократската контрола на спроведувањето на овие процеси“, рече Филипче.
Филипче се осврна и на комплексните геополитички случувања во Европската Унија – изборите во Германија, најавата за нови избори во Франција,понатаму војната во Украина, како и изборите во САД и кризата на Блискиот Исток што можат на влијаат на севкупните процеси во ЕУ, но истакна дека и во минатото, во кое исто така постоеле кризи, земјава успеала да се задржи на нејзиниот евроинтегративен пат.
„Истовремено, убеден сум дека и други политички фактори гледаат на Западен Балкан како целосно интегриран во Европа во иднина. Планот за раст за Западен Балкан е точно димензиониран со реформската агенда и што точно треба да направат земјите во Западниот Балкан за да ги приближат своите карактеристики со земјите членки на Европската Унија“, посочи Филипче.
Според претседателот на СДСМ, за поздравување е одлуката за вклучување на Северна Македонија во механизмот на ЕУ за владеење на правото кој ќе обезбеди јасна патека за следење и оценување на постигнатиот напредок во усогласување со стандардите на ЕУ, а сето тоа во насока на исполнување на демократскиот одредници за владеењето на правото неопходни за членството во ЕУ.
„Во таа насока, СДСМ како најголема опозициска партија ќе ја даде целата поддршка на владината коалиција за спроведување на реформите во правосудниот систем коишто се темелат на препораките на оценската мисија и на реформската агенда. Јасен е патот како треба да продолжиме напред, да се отвори најсложениот кластер од преговорите. За тоа да се случи потребна е одлука на политичките фактори за да се направат Уставните измени поради тоа што сметам дека сето друго е непотребно трошење на време“, рече Филипче.