Филипче од Карпош: Ароганцијта на власта не може да трае бесконечно, Македонија се буди, ова не е влада на народот

Филипче од Карпош порача дека ароганцијата на власта не може да трае бесконечно, бидејќи народот не заборава

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата „Се бориме за нашиот дом“ во општина Карпош, порача дека ароганцијата на власта не може да трае бесконечно, бидејќи народот не заборава, граѓаните не се наивни и веќе ја препознаваат вистината.

„Македонија веќе се буди. Луѓето почнуваат да разбираат дека ова не е влада на народот, туку влада над народот”, рече д-р Филипче.

Тој нагласи дека граѓаните ги препознаваат лагите и манипулациите на ВМРО-ДОМНЕ и кај нив се буди чувство за промени.

„И секојдневно расте чувството дека е време нешто да се промени, не само на избори, туку во начинот на размислување, во начинот на политичко дејствување”, истакна д-р Филипче.

Филипче потенцираше дека денес имаме власт која не ја води државата, туку ја режира.

„Сè е претворено во настап, во шоу, во перформанс без никаква содржина и суштина. Нека каже Мицкоски еден реален проект или политика со која направи нешто добро за луѓето. Нека каже само еден – нема таков”, нагласи д-р Филипче, додавајќи дека освен што се сликаат со проектите од СДСМ, завршени патишта 90%, ништо друго не направија.

Лидерот на СДСМ, д-р Филипче, на граѓанската трибина рече дека СДСМ секогаш ја третирале државата како заеднички дом, а не како ВМРО-ДПМНЕ што ја третираат, „како Белата палата, своја зграда изградена од криминал”.

Зачлени се на нашиот е-билтен