Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

СДСМ покажа дека со вистински политики платите може да растат и во време на најтешките кризи кои некогаш ги имала државата. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Валандово потсети дека со СДСМ платите растеа седум години по ред, се зголемија за повеќе од 100%, воведе систем на раст на пензии кои ВМРО-ДПМНЕ денеска кога во државата нема ниту една криза ги укина.

„Минималната плата од 8.000 денари ја зголемивме на 22.500 денари, а просечната плата од 22.000 денари, на над 40.000 денари. Донесовме систем на зголемување на пензиите, ја зголемивме за 300% социјалната помош тројно, се спасија над 80 илјади работни места и фирми со антикризните мерки. Донесовме систем за зголемување на пензиите, ја зголемивме за 300% социјалната помош, дадовме мерки во трите последователни кризи на Ковидот, енергетската и финансиската криза во вредност од 2,6 милијарди евра, се спасија 80.000 работни места, 20.000 компании се спасија од затворање, 660 илјади семејства беа заштитени затоа што се субвенционираше сметката за струја. Тоа беа години кога државата стоеше зад човекот “, рече Филипче пред валандовчани.

„Овие резултати веќе ги нема, имаме неодговорна и неспособна власт која не се грижи за граѓаните“, рече Претседателот на СДСМ, Филипче, притоа потсетувајќи дека борбата на СДСМ е за раст пензиите, за 500 евра минимална плата, за раст на платите на докторите, за наставниците, земјоделците, за младите и за Европа.

Зачлени се на нашиот е-билтен