Филипче повикува на граѓански фронт за правда

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, денеска во Брисел, учествуваше и на состанокот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) пред Европскиот совет, на кој што присуствуваше претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта и лидерите на социјалдемократските и прогресивните партии од регионот и Европа.

По средбата, во изјава за медиумите Филипче се осврна на усвоената Резолуција за мигрантите која дојде како предлог од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ:

„Донесената срамна Резолуција на ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието е директен удар врз демократијата, слободата на говор, мислењето и политичкото дејствување. Кога парламент носи неуставна резолуција, против опозицијата, тогаш државата престанува да биде демократска и влегува во авторитаризам. Во режим.

Власта сака да ја замолчи и да ја забрани работата на опозицијата, да создаде еднопартиска држава и да ја згасне слободата на говор.   СДСМ тоа нема да го дозволи, ќе ја одбраниме слободата и демократијата.

Овде, во Брисел, ќе побарам поддршка од цела Европа, од сите прогресивни и демократски сили, од сестринските социјалистички и социјалдемократски партии. Македонија мора да биде слободна, демократска и европска држава“ изјави Филипче.

Тој додаде и дека е потребно формирање на фронт кој како што рече е потребен за одбрана на Македонија.

„Време е за формирање единствен граѓански фронт – фронт за правда, слобода и демократијата.

Фронт во кој сите, без разлика на партиска, етничка или идеолошка припадност, ќе застанеме како еден во одбрана на демократијата, слободата на говорот и мислењето, и во одбрана на Македонија“ посочи лидерот на СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен