Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Филипче: СДСМ е консолидирана, на научените лекции ги градиме идните партиски политики

На прашањето зошто СДСМ ги заврши изборите со 18 пратеници, претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за ТВ Сител рече  дека ја завршиле сложена анализа и таа ќе биде презентирана пред делегатите на конгресот којшто ќе биде во проширен состав на којшто ќе присуствуваат членови на различни општински организации пратеници поранешни пратеници со цел да се соберат повеќе мислења и научените лекции да ги инкорпорираме во начинот на кој што ќе ги градиме политиките.

„Јас сметам дека во стратешките политики СДСМ не погреши и дека со промоцијата на еден социјалдемократски нов документ за тоа по кои патеки ќе се движиме понатаму јасно ќе им покажаме на граѓаните кои ќе бидат нашите политики, на што може да сметаат понатаму во делот на имплементирање на тие политики во СДСМ“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ истакна дека грешките се препознаени во делот на внатрепартиската комуникацијата со членството, како во интермедијарната комуникација на интерните општинските раководства.

Зачлени се на нашиот е-билтен