Филипче: Со Христоски ќе продолжи развојот на Крушево, тој е гаранција за општина во служба на граѓаните

Филипче ги повика граѓаните од крушевскиот регион и во вториот круг од изборите да го поддржат кандидатот од СДСМ за Крушево, Томе Христоски

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната средба со граѓани во крушевското село Јакреново, Крушево, ги повика граѓаните од крушевскиот регион и во вториот круг од локалните избори да ја дадат поддршката на кандидатот за градоначланик од СДСМ за Крушево, Томе Христоски. Тој посочи дека Крушево и Христоски се пример за тоа како треба да се работи во интерес на сите граѓани.

„Во сите места во крушевксиот регион има што да се види. Што Томе со својата посветена, искрена, чесна работа и со својата визија за развој на регионот, има направено-асфалтирани улици, реновирани институции, училишта, здравствени станици.Се направи за Крушево да го постави на мапата на туризмот, не само во Европа, во светот, посебно во еден спорт – тоа е параглајдерството. Со инвестицијата за параглајдерството која се направи изминатите години, од едно запуштено место, стане место во кое што се одвиваат европски и светски првенства по параглајдерство. И тоа е Томе со неговиот тим“, рече Филипче.

Во изјавата за медиуми тој додаде дека Крушево е рекордер по реализација на проекти. Во мандатите на Христоски се реализирани преку 70 капитални инвестиции. Како што кажа Филипче, само 80 гласа му фалеа на Христоски за победа во првиот круг, што ја потврдува неговата успешна работа како градоначалник, но и јасно ја изразува волјата на граѓаните на Крушево дека тој треба да продолжи да ја води општината.

Филипче нагласи дека неговиот противник од ВМРО-ДПМНЕ со своето однесување нема да може да ја поништи волјата на граѓаните.

„ВМРО-ДПМНЕ со закани, со уцени, со поткуп, сметам дека нема да може што и да направат нешто и да ја поништат очигледната волја на граѓаните, коишто сакаат да видат уште еден мандат на Томе и неговиот тим, тим којшто не прави никаква поделба, ниту по политичка, ниту по етничка припадност. Овој регион, оваа општина, овие места, Крушево заслужува само само градоначалник како Томе и неговите советници, за да овој регион продолжи да се развива така како што тоа беше во измитнатите години“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Зачлени се на нашиот е-билтен