Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Филипче: Владата што побрзо да го достави до Собранието законот за унгарскиот заем

Откако вчера Владата го задолжи Министерството за финансии да изготви закон за заемот од половина милијарда од Унгарија, претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска упати барање до Владата да го достави до Собранието што побрзо.

-Сме загрижени за неколку аспекти и сакам да ги споделам. Прво, сосема е нелогично зошто една земја која нема пари да даде, туку се задолжува од друго место со многу поголема каматна стапка а нас ни дава заем со помала каматна стапка. Се прашуваме дали се крие нешто зад тоа? Инсистираме Владата што побрзо да го даде законот за заем во Собрание, но и да се каже кое е потеклото на парите. Дали зад тоа можеби се крие некаква друга тенденција? Дали можеби идеја од некои компании во Унгарија да се преземаат тука кај нас, медиуми или компании, и тоа е дел од некаков договор? Зошто посегнуваме за првпат во историјата на нашата земја во билатерален договор да позајмуваме пари кога ние имаме аранжмани со Светска банка, соработуваме со Европска инвестициона банка, имаме потпишано програма со Меѓународниот монетарен фонд, рече Филипче по брифингот со новинарите.

Филипче праша зошто не посегнеме по овие инструменти кои традиционално биле на располагање на државата и кои меѓународни финансиски институции во начинот на трошење на парите, имаат и контролни механизми и секогаш некаква реформска агенда која треба да се имплементира додека се користат парите од тој заем.

-Овде не гледаме дека има таков контролен механизам. Има постоечки заем, проект кој општините го работат со Светска банка. Има дополнителна компонента која целосно е разработена во изминатиот период која може да се имплементира за дополнителни инвестиции. Зошто сега наеднаш бараме нов извор на пари од целосно поинаква констелација на односите? Инсистираме што побрзо Владата да го даде законот во Собрание, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска упати апел до Владата до го стави на јавна расправа новиот Кривичен законик, кој како што посочи е изготвен и се наоѓа во Министерството за правда

Филипче нагласи дека нивната пратеничка група поднела амандмани по ребалансот на буџетот, чија расправа почна денеска во собраниската Комисија за финансирање и буџет.

-За ребалансот на буџетот поднесовме амандмани кои се однесуваат на скратените средства каде што сметаме дека треба да ги има и оти се неправедно и неправилно скратени, а пред се во делот на платите. Сметам дека не може и не е дозволено да има во денешно време после еден таков период во кој во најтешките кризи имавме пари па се зголемуваа платите на работниците, сега тој процес да запре. Имавме состанок и со синдикатите и јасно ставивме до знаење дека ние ќе се бориме да продолжи зголемувањето на платите и во образование, во здравството, и согласно потпишаните анекси и за некои поединечни ставки. Во Собранието денеска поднесовме амандмани за ребалансот на буџетот кои ќе ги образложиме зошто се поднесени, зошто сметаме дека треба да продолжи инвестирањето во работниците. Луѓето бараат тука кај нас да имаат подобри услови за живеење. Стравуваме дека ова ќе го зголеми иселувањето. Ние во најголемите кризи успеавме да најдеме пари и конзистентно ги зголемувавме платите. Сметам дека со оваа целосно се деградираат правата на работниците, рече тој.

Филипче нагласи дека по опсежна анализа со економските експерти во партијата констатирале дека државата се води кон состојба со екстремно голем јавен долг. Смета дека со тоа што не се предвидени средства во ребалансот на буџетот за зголемување на платите, се враќа старата политика дека ние сме евтина работна сила каде вработените секогаш се на второ место.

-Можно е да се врати системот кога се зголемуваат платите само за предизборен поткуп, не постојано и систематски така како што тоа го направивме ние во еден инклузивен систем кога политиките најпрво се дискутираа а потоа се градеа во социо-економскиот совет. Сметам дека е лага дека немало пари во буџетот. Како ние можевме да најдеме пари за се и за поддршка на стопанството и за компаниите, да се зачуваат работните места во најголемите кризи? Во образложението министерката за финансии освен бомбастичниот наслов дека нема пари во буџетот, сепак констатира дека макроекономските фундаменти на државата се оставени добри, дека инфлацијата е стабилна, девизните резерви исто така, дека странските инвестиции се за скоро 2 и нешто пати поголеми во однос на истиот период минатата година. И тоа е една сатисфакција за нас и нашата влада, рече Филипче.

Зачлени се на нашиот е-билтен