Филипче во 12 часот ќе соопшти фрапантни економски показатели

Лидерот на опозицијата, Венко Филипче, денеска во 12 часот ќе одржи прес-конференција на која ќе ги објави најновите економски индикатори, кои, како што најави, се „не само загрижувачки, туку навистина алармантни“. Според него, бројките што ќе бидат презентирани јасно укажуваат на сериозни ризици за буџетот и економската стабилност на државата.

Темата на прес-конференцијата ќе биде моменталната состојба на економијата и можните мерки што ќе се преземат за стабилизирање на финансиските текови. Филипче најави дека јавноста заслужува да ја знае вистинската слика за економските движења и нивното влијание врз граѓаните и стопанството.

Зачлени се на нашиот е-билтен