Филипче за изјавите на Давкова: Груевски од Будимпешта го контролира ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Не може да си дозволи претседателка на државата, која пред само година ипол доби половина милион гласови, да каже дека ова не е време за реформи

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција остро реагираше на изјавите на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова дека сега не е време за реформи, затоа што е време на војни.

„Не може да си дозволи претседателка на државата, која пред само година ипол доби половина милион гласови, да каже дека ова не е време за реформи. Неколку дена пред тоа Никола Груевски од Будимпешта напиша пост во кој зборуваше дека Европа е во време на војни. Се повеќе ќе станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ го контролира Никола Груевски од Будимпешта. И тие се само извршители на неговите политики и ништо друго,“ рече Филипче.

Зачлени се на нашиот е-билтен