Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Филипините и одобрија на американската армија проширен пристап до нејзините воени бази

Армија на САД (фото: МИА)

Филипините ѝ одобрија на американската армија проширен пристап до нејзините воени бази, во напорите на САД да одговорат на зголеменото воено присуство на Кина во Јужното Кинеско Море.

На Вашингтон ќе му биде овозможен пристап на уште четири локации според Договорот за засилена одбранбена соработка од 2014 година, се вели во соопштението на министерствата за одбрана на САД и Филипини.

Во соопштението не е прецизирано на кои нови локации ќе им биде дозволен пристап до американските воени сили.

Висок филипински функционер изјави дека САД побарале пристап до базите на северниот дел на островот Лузон, кој е најблискиот дел на Филипините до Тајван, и на островот Палаван, кој е блиску до островите Спратли во Јужно Кинеско Море.

Договорот за засилена одбранбена соработка од 2014 година им дозволува на САД пристап до филипинските бази за заедничка обука, повторно позиционирање на опремата и изградба на објекти, како и на писти, складишта за гориво, воени станбени бараки.

Кинеската амбасада во Манила не го коментираше договорот меѓу САД и Филипини. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново