Финска и Украина потпишаа десетгодишен безбедносен договор

 Финскиот претседател Александар Стуб, кој е во посета на Киев, и украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша десетгодишен договор за безбедносна соработка и долгорочна меѓусебна поддршка меѓу двете држави.

Договорот опфаќа голем број теми, вклучително и политичка, одбранбена и безбедносна поддршка за Украина и нејзините реформи и реконструкција, објави канцеларијата на Стуб.

„Десетгодишниот договор е доказ за долгорочната посветеност на Финска да ја поддржи Украина“, се наведува во соопштението, пренесуваат британските медиуми.

Стуб, исто така, на својот украински колега му кажал дека Финска ќе испрати уште еден пакет одбранбени материјали со проценета вредност од околу 188 милиони евра, со што вкупниот придонес на Финска од 2022 година ќе достигне околу две милијарди евра.

Треба да знаете
Moже да ве интересира