Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фон дер Лајен до Силјановска Давкова: За пат кон ЕУ потребно е целосно почитување на обврзувачките договори, вклучително и Договорот од Преспа

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен во објава на Икс и порача на новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова „за Северна Македонија да го продолжи својот успешен пат кон пристапувањето во ЕУ, најважно е земјата да продолжи по патот на реформите и целосно почитување на нејзините обврзувачки договори, вклучително и Договорот од Преспа.

Претседателите на Европската комисија и на Советот на ЕУ, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел претходно упатија честитки до претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод нејзиното официјално стапување на претседателската функција, нагласувајќи ја определбата за соработка во продолжување на европскиот пат на земјата.

– Честитки Гордана Сиљановска-Давкова, првата жена претседател на Северна Македонија. Вашето лидерство доаѓа во клучен момент, додека вашата земја ги унапредува своите реформи и продолжува на патот кон ЕУ. Со нетрпение очекувам да соработувам со вас, наведе Фон дер Лајен во објава на Икс.

Честитки, како што наведе, до новата претседателка на Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, преку платформата Икс упати и Шарл Мишел.

– Со нетрпение очекувам да соработувам со вас на унапредување на патот на Северна Македонија кон ЕУ, преку спроведување на реформите и обврските. Иднината на Северна Македонија и Западниот Балкан е во ЕУ, наведе Мишел во објавата.

Треба да знаете
Moже да ве интересира