Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фон дер Лајен е „длабоко вознемирена“ од нападот врз Палестинците во близина на хуманитарниот конвој

 Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека е „длабоко вознемирена од сликите од Газа“ откако израелските војници вчера отворија оган врз толпата луѓе собрани околу конвојот со хуманитарна помош, јави ДПА.

Мора да се направи се што е можно за да се истражи што се случило и да се обезбеди транспарентност“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа „Икс“.

„Хуманитарната помош е витално неопходна за луѓето на кои им треба и треба да им биде осигурен пристапот до неа. Застануваме зад граѓаните и бараме нивна заштита во согласност со меѓународното право“, напиша Фон дер Лајен. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира