Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен допатува во Киев со тим комесари во четвртокот, еден ден пред самитот Украина-Европска унија во земјата разурната од војна.
-Среќна сум што се враќам во Киев, по четврти пат од руската инвазија. Заедно сме тука да покажеме дека ЕУ стои на Украина цврсто како и секогаш. И дополнително да ја продлабочиме нашата поддршка и соработка, соопшти таа на Твитер.
„Пристигнав во Киев за да испратам најсилен сигнал за поддршката на ЕУ до сите Украинци“, напиша на Твитер високиот комесар за надворешни работи Жозеп Борел, прецизирајќи дека помошта на ЕУ за Киев од почетокот на конфликтот изнесува 50 милијарди евра.
Прес-службата на Европската комисија објави дека делегација на Европската комисија составена од Урсула фон дер Лајен, Борел и 14 клучни европски комесари, вклучително и потпретседателот на ЕК Валдис Домбровскис и европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс, Илва Јохансон, комесар за внатрешни работи, Јануш Војчеховски, комесар за управување со кризи, Оливер Вареи, комесар за проширување и Вера Јоурова, заменик комесар за слобода и вредности на Европската комисија и Маргаритис Схинас, комесар за европски начин на живот.