Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по средбата со претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека за време на нејзиниот мандат приоритет ќе биде проширувањето на Европската унија, со членство на шесте земји од Западен Балкан.
„Охридскиот договор е клучен и многу важен. Знаеме дека сте посветени на него. Посветеноста обично значи навремена имплементација. Тоа е важно, но мислам дека е и многу добар знак дека можеме да имаме пред финансирање пред крајот на годината од 60 милиони евра“, рече таа на прес-конференцијата по средбата со Османи.
Фон дер Лајен нагласи дека проширувањето ќе остане на врвот на агендата на ЕУ за време на нејзиниот втор мандат.
Таа рече дека е посветена на иднината во која сите шест партнери од Западен Балкан се дел од Унијата и посочи дека ЕУ ги има сите потребни алатки и инструменти за тоа да стане реалност.
Во овој контекст, таа укажа на важноста на Планот за раст за Западен Балкан, кој според неа е дизајниран да ги приближи економиите од регионот до единствениот пазар на ЕУ и постепено да ги интегрира на тој пазар.
Османи рече дека е време да се укинат мерките воведени против Косово.
„Потребна ни е Европската унија да ги цени и да ги препознае нашите достигнувања. и без кредибилитет“, рече таа.
Фон дер Лајен допатува во Приштина од Белград, каде вчера посочи дека Србија е една од најнапредните земји во процесот на пристапување во ЕУ и дека покажала дека може да ги исполни потребните критериуми и дека е посветена на спроведување на реформите.
Таа треба да отпатува од Приштина кон Црна Гора.
Претседателката на Европската комисија ја започна посетата на регионот во средата со пристигнувањето во Албанија, а ги посети и Македонија и БиХ.