Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фон дер Лајен на 17 јуни ќе учествува на работната средба на европските лидери

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе учествува на работната средба на шефовите на држави и шефови на влади на земјите од ЕУ закажана за понеделник (17 јуни) во Брисел.

Ова денеска го потврди портпарол на ЕК, откако претходно неделава беше прецизирано дека нејзиното учество не е сигурно.

В понеделник се очекува првпат да се сретнат учесниците на Европскиот совет за да разговараат за резултатите од изборите за Европскиот парламент. На 27 и 28 јуни тие повторно ќе се сретнат во Брисел на редовен состанок на кој се очекува да потврдат кандидат за следен претседател на ЕК.

Зачлени се на нашиот е-билтен