Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фон дер Лајен против „присилното раселување“ на Палестинците

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска по средбата со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси во Каиро уште еднаш кажа дека се противи на „присилното раселување“ на Палестинците, во контекст на војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

„Со претседателот Сиси разговарав за актуелната хуманитарна криза во Газа и му се заблагодарив за улогата на Египет во обезбедувањето и олеснувањето на испораката на хуманитарна помош за ранливите Палестинци“, напиша Фон дер Лејен на X.

„ Се согласуваме со принципот на ненасилно раселување на Палестинците и политичкиот хоризонт темелен на решавањето на проблемот со создавање две држави, израелска и палестинска“, додаде таа.

Претседателката на Европската комисија потоа замина за Синај, соопшти гувернерот на регионот што граничи со Израел и Газа.

Тој додаде дека „таа потоа го посетила аеродромот Ел-Ариш, дека ќе оди на преминот Рафа, ќе ја прегледа хуманитарната помош и ќе ги посети повредените Палестинци во болниците во овој источен египетски регион“. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен