Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фон дер Лајен: Во Европа нема место за поддршка на тероризмот и антисемитизм

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ги критикуваше антисемитските акции во Европа.

– Поддршката на тероризмот, антисемитизмот или насилството врз малцинствата е одвратна и нема место во Европа, истакна Лајен за германскиот весник Билд, коментирајќи ги демонстрациите и објавите на социјалните мрежи изминатите недели.

Таа додаде дека отворените демократски општества се голема сила на Европа, но исто така тоа ја прави заедницата ранлива.

– Затоа мораме секаде да се бориме против почетоците на омразата кон оние кои размислуваат поинаку, без оглед дали е на интернет или на нашите улици, посочи Лајен.

Големи пропалестински демонстрации се одржаа во неколку европски главни градови во текот на викендот, поради интензивираните израелски напади врз Појасот Газа.

Треба да знаете
Moже да ве интересира