Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фондацијата „Славко Јаневски“ го распиша годинешниот конкурс за наградата „Роман на годината“ по 25-ти пат

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинешниот конкурс за наградата „Роман на годината“ кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2024 година.

Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2023 година. Kандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се враќаат, во читалницата „Славко Јаневски“ во Скопје (ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 23/1-1) секој работен ден од 12 до 20 часот или по пошта на адреса на Фондацијата, бул. „Кузман Јосифовски Питу“ 19/6-40, Скопје.

Пожелно е и доставување на романи во електронска верзија на адресата: romannagodinata@gmail.com

Наградата „Роман на годината“ се состои од паричен износ од 150.000 денари, статуетка и плакета. Одлуката за добитникот на наградата петчлената жири-комисија е обврзана да ја донесе најдоцна до 15 март 2022 година, а следниот работен ден да ја објави на прес-конференција.

Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, годинава ќе се додели јубилеен 25-ти пат.

Романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ на Влада Урошевиќ („Екс либрис“, 2022) е лауреатот на наградата „Роман на годината“ за 2022 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен