Форумот за проширување на Европската Унија, кој ќе се одржи на 18 ноември во Брисел, е водечка иницијатива на Европската комисија чија цел е да го подигне нивото на дискусија за проширувањето како заеднички политички, општествен и генерациски проект.
Сегашниот моментум во процесот на интеграција е основа на стратешката визија на Европската комисија за периодот 2024-2029 година.
Проширувањето е клучно за способноста на Европската Унија да обезбеди стабилност, просперитет и демократски вредности надвор од своите граници, како и во нив. Ги зајакнува стратешките интереси на Унијата, го поттикнува економскиот раст и конкурентноста, ја подобрува енергетската безбедност и ги консолидира реформите во областа на управувањето и владеењето на правото. Европската Унија во моментов ја спроведува најамбициозната програма за проширување во последните 10 години. За прв пат во една генерација, влезот на нови членки е на дофат.
Проширувањето и понатаму останува еден од најмоќните инструменти што ги поседува Униијата за трансформација, но и една од нејзините најголеми одговорности.
Форумот, замислен како интерактивен, инклузивен и насочен кон иднината, е дел од пошироките планови за приближување на процесот на проширување до граѓаните и поттикнување на вистински европски дијалог за иднината на Унијата.
Кој учествува на Форумот за проширување?
Форумот за проширување ќе собере широк и разновиден спектар на учесници – од високи национални и регионални политички лидери до претставници на граѓанското општество, претприемачи, уметници, млади и експерти за јавна политика – од земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидатки, под слоганот „Заокружување на Унијата, обезбедување на нашата иднина“.
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, како и комесарката за проширување, Марта Кос, ќе се обратат на присутните.
На панелот ќе се обратат Марта Кос, премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ, премиерот на Молдавија Александру Мунтеану, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Каја Калас, комесарот за одбрана Андријус Кубилијус и заменик-министерот за европски прашања на Украина, Тарас Качка.
На вториот панел, ќе се обратат данската министерка за европски прашања Мари Бјере, ирскиот министер за надворешни работи и трговија Томас Бирн, романската министерка за надворешни работи Јана Тоју и вишиот соработник на Карнеги Европа Стефан Лен ќе зборуваат на вториот панел за перспективите на земјите-членки и регионот.
На третиот панел, Бојана Селаковиќ од Националната конвенција за Европската унија, како и Амила Алиџановиќ, младата европска амбасадорка од БиХ/Шведска, ќе зборуваат за перспективите на граѓаните на земјите-кандидатки.
Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, ќе учествува на панел кој ќе се занимава со процесот на пристапување и како да се постигнат позитивни резултати.
Претседателот на Албанија, Еди Рама, исто така, ќе се обрати на присутните, а претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, треба да го одржи завршниот говор.

