Според информациите на ЦУК, од денеска од рано наутро на местото на пожарот пристигнале 25 полициски тигри, 70 припадници на Армијата, 40 вработени во Национални шуми и повеќе од 60 пожарникари. Повеќе од 195 професионалци се во реонот на селата во Мариово во чија близина е пожарот.
Како што информираше Стојанче Ангелов, се спроведуваат договорените повеќе мерки и активности утвтрдени на вчерашната координација во Општина Прилеп
Пожарот којшто пред неколку дена изби на територијата на прилепско Мариово, во текот на вчерашниот ден ескалираше. Во одреден момент линијата на огнот беше подолга од 20 километри. Од тие причини вчера заседаваше Кризниот штаб на општина Прилеп, извести директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.