Попладнево Скопје со посебен акцент на општините Аеродром, Кисела Вода и Гази баба се под црвен аларм за екстремно загадување. Симултано неколку пожари на Вардариште и Дрисла кои беа најавени како изгаснати, повторно жестоко се распламтија и предизвикаа огромни дози на загаденост во топлиот септемвиски ден.
Рацин.мк разговараше со вработени на клиниката за пулмологија, кои советуваат граѓаните да носат КН95 маски при движење на отворено, а ранливите категории да избегнуваат да се движат на отворен простор. Истовремено се советува доколку домаќинствата поседуваат прочистувачи на воздух да ги вклучат и да ги затворат прозорите.
Фотографиите во прилог се од различни локации од Скопје кои ги испратија граѓани до редакцијата на Рацин.мк (Аеродром, Ново Лисиче, Кисела вода, Скопска црна гора и Центар)








