(ФОТО) Илјадници автомобили на пат, затворени продавници и мирни ноќи: Граѓаните бегаат од Техеран

Илјадници граѓани го напуштаат главниот град на Иран, Техеран, поради жестоките и чести напади на Иран врз инфраструктурата и нуклеарните капацитети.

Како што пишува Гардијан, 17 националности, побегнале во Азербејџан од Иран за пет дена од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Иран, изјавил денеска за Гардијан неименуван азербејџански извор.

Граѓаните се евакуираат и од Израел – најмалку 2.725 лица.

За разлика од Израел, главниот град на Иран Техеран нема модерни засолништа за бомби, така што градот мора да користи тунели, подруми или постари засолништа кои беа користени во Иранско-ирачката војна во 1980-тите – последен пат кога земјата се соочи со ваква сериозна национална вонредна состојба.

Автомобили полни со семејства со куфери и вода врзани за покривот беа забележани низ градот, а многу семејства заминаа на село.

Во меѓувреме, ноќите станаа многу тивки во Техеран, велат жителите. Многу продавници се затворени, а голем број луѓе или го напуштиле градот или се премногу исплашени да одат на работа, велат тие.

Зачлени се на нашиот е-билтен