Луѓето се собираат на Алејата Украина од каде ќе започне протестен марш до руската амбасада по повод втората годишнина од руската агресија врз Украина.
Протестниот марш е во организација на Здружението на Украинците во С. Македонија „Лесја Украинка“и започна од Алејата „Украина“ во центарот на Скопје (пред хотел „Мериот“ на плоштад „Македонија“), и ќе завршипред амбасада на руската федерација, каде што се очекува изјава од претседателот на здружението, Олександр Урбанович.
Здружението упати покана до сите граѓанки и граѓани кои ја поддржуваат борбата на Украина за слобода, да ѝ се придружат на оваа манифестација.