ФОТО: NASA фати мистериозен објект како пролета покрај Марс

Меѓузвездениот објект 3I/ATLAS, кој е третиот идентификуван посетител однадвор од нашиот Сончев систем, пролета покрај Марс, а NASA го сними преку роверот Perseverance. На објавените фотографии се гледа светлосен траг кој се издвојува од темнината на вселената, додека објектот бил на околу 38 милиони километри од Марс.

Астрономот од Харвард, Avi Loeb, кој долго време го следи објектот, објаснува дека светлосниот траг е резултат на долгото експонирање на камерата и дека вистинската големина на објектот може да биде значително помала. Сепак, се очекува подетална анализа од HiRISE камерата на Mars Reconnaissance Orbiter, чија фотографија ќе помогне да се утврди точната големина на мистериозниот објект.

Научниците велат дека 3I/ATLAS би можел да биде многу поголем од претходните два меѓузвездени објекти, со проценета маса од 33 милијарди тони и ширина од речиси пет километри.

Зачлени се на нашиот е-билтен