(Фото) Се чисти Дрим, Струга ја отвора новата сезона

Деновиве Црн Дрим е полуиспразнет со цел комуналните работници полесно да можат да го исчистат речното корито во пресрет на почетокот на летната сезона. Целта на чистењето на коритото е да се отстранат наносите на земја, треви и песок, да се подобри пропусната моќ на коритото, да се зголеми капацитетот на собирањето на атмосферските води и со тоа да се намалат ризиците од поплави.

Коритото на Дрим за прв пат после 50 години беше исчистено во 2020 година преку регионалниот проект за интегрирано управување со поплавите и ризиците од поплави кој е финансиран од Фондот за адаптација, во кој се вклучени и Албанија и Црна Гора.

Проектот тогаш се спроведуваше од страна на Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините во сливот на реката Црн Дрим.

Зачлени се на нашиот е-билтен