Доналд Трамп на својата социјална мрежа денеска објави фотографија од Николас Мадуро со лисици на рацете.
Утринава преку блицкриг операција на американската единица Делта форс Мадуро бил уапсен и извлечен од Венецуела заедно со неговата сопруга.

САД се подготвуваат да постават нова власт во Каракас, откако претходно се дозна дека и заменичката на Мадуро, потпретседателката Родригез избегала во Русија.
Се очекува претседателот на САД, Доналд Трамп да се обрати до јавноста со повеќе детали