Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Долготраен аплауз за Националната опера и балет во Пловдив со “Госпоѓиците од Авињон”

Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ во Пловдив

Вечерва во Домот на културата “Борис Христов” во Пловдив, Република Бугарија, гостуваше Националната опера и балет на Република Северна Македонија со балетската претстава “Госпоѓиците од Авињон”.

На почеток на настанот беше оддадена почит на жртвите на катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. Балетската претстава е инспирирана од истоименото сликарско дело на Пабло Пикасо, со либрето и драматургија на Сашо Димоски, музика на Калиопи Букле и кореографија и режија на Олга Панго, а во балетска изведба на првенки и првенци на Македонскиот Балет.

Пловдивската публика ги поздрави нашите уметници со долготраен аплауз.

Гостувањето е поддржано со финансиски средства на Министерството за култура на Република Бугарија.

Претставата ја следеше и Агнеза Руси Поповска, амбасадорка на Република Северна Македонија во Република Бугарија, и притоа оствари кус и срдечен разговор со раководните лица на двете водечки културни установи.

Зачлени се на нашиот е-билтен