Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека насилството на доселениците на Западниот Брег, кое неодамна доведе до убиство на неколку палестински цивили, мора да престане.
-Франција ги повикува израелските власти да преземат итни мерки за заштита на палестинското население, се вели во соопштението.
Париз го осуди „неприфатливото насилство“ и „нападите на доселениците што доведоа до смрт на неколку палестински цивили во последните денови во Кусра и Савија, како и раселување на неколку заедници“, се вели во соопштението.
Повеќе од 100 Палестинци се убиени на Западниот Брег во израелските воени операции од почетокот на Хамас-израелската војна во Појасот Газа на 7 октомври, по крвавиот напад на Хамас во кој загинаа повеќе од 1.400 луѓе во Израел, од кои повеќето цивили, пренесоа француските медиуми.