Франција ја распореди новата генерација интерконтинентални ракети М51.3 на своите нуклеарни подморници, соопштија француското Министерство за вооружени сили и компанијата ArianeGroup.
Се работи за третата, најсовремена верзија на балистичката ракета што се лансира од море, со која се модернизира нуклеарниот арсенал на земјата. Новите ракети се опремени со нуклеарни боеви глави TNO-2 и имаат поголем дострел, прецизност и способност за пробивање на одбранбени системи.
Со нивното ставање во употреба се заокружува 12-годишниот процес на модернизација на француските сили за нуклеарно одвраќање. Ракетите ќе бидат инсталирани на сите четири балистички подморници, од кои барем една постојано дејствува во океаните.
