Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Француски „Либерасион“ со провокативна карикатура во која се исмева гладот во Газа за време на рамазанскиот пост

Францускиот дневен весник „Либерасион“ објави провокативна карикатура на којашто се исмејува гладот на Палестинците во Газа за време на рамазанскиот пост.

Се работи за карикатура нацртана од Корин Реј за весникот „Либерасион“ со наслов „Рамазан во Газа“ во која се прикажува разурнат град и рака што излегува од урнатините. Човек што тешко дише брка глувци и бубачки по улицата. Жена како седи на улица со прегладнето дете до неа и налутено вика кон мажот што трча, велејќи: „Не пред зајдисонце.“

Корисниците на социјалните мрежи оставаа лути коментари под објавата на „Либерасион“ велејќи дека карикатурата ги исмева жителите на Газа што се лишени од основните потреби и хуманитарна помош и се оставени да гладуваат.

Други прашуваа зошто сличен цртеж не е нацртан за тековната руско-украинска војна, а некои пак иронизираа со фактот дека сепак весникот или авторот сепак нема да се соочат со никакви последици и ниту една јавна личност нема да ја осуди оваа објава.

Израел спроведува смртоносна воена офанзива врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври, во кој се загинати речиси 1.200 луѓе.

Оттогаш во израелските напади врз Појасот Газа загинати се над 31.100 Палестинци, главно жени и деца, а над 72.700 се повредени.

Израел, исто така, воведе целосна блокада врз Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на Северна Газа, на раб на глад.

Според палестинското Министерство за здравство, како што пренесува Агенцијата Анадолу, најмалку 27 лица починале од неисхранетост и дехидрација во Газа поради израелската блокада.

Според Обединетите нации, израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа внатрешно да се раселат, каде што постои акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Харис Сулејман -ЦивилМедиа

Зачлени се на нашиот е-билтен