Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Францускиот институт ги промовира македонските преводи на „Идис“ од Бадентер и „Везење“ од Сатрапи

Македонските преводи на француските дела „Идис“ од Робер Бадентер, во превод на Гзиме Старова (издание на „Или-или“) и „Везење“ од Марџан Сатрапи, во превод на Јоана Хаџи-Лега Христоска (издание на „Бункер“), вечер во 18 часот ќе бидат промовирани во просториите на Францускиот институт во Скопје.

Настанот ќе се одвива на македонски јазик, а ќе го отвори директорот на Францускиот институт во Скопје и советник за култура и соработка Иго Бештел.

Уредниците од двете издавачки куќи и преведувачите на делата ќе зборуваат за преведувачките дилеми и предизвиците во областа на издавањето. 

Зачлени се на нашиот е-билтен