Францускиот парламент првпат изгласа резолуција предложена од партијата на Марин ле Пен

Со минимално мнозинство, Националниот собир обезбеди поддршка за укинување на Договорот со Алжир од 1968 година, што се смета за симболична победа на крајната десница.

Парламентот на Франција првпат во историјата усвои резолуција предложена од ултрадесничарската партија Национален собир на Марин ле Пен, со која се бара укинување на Договорот со Алжир од 1968 година.

Договорот со Алжир предвидува олеснувања за алжирската имиграција во Францја.

„За“ резолуцијата гласаа 185 пратеници, додека 184, главно левичарски пратеници, беа „против“.

Резолуцијата нема правна сила, но гласањето претставува симболична победа за Ле Пен и нејзината партија, кои досега беа изолирани од центристичките и левичарските пратеници поради така наречениот „санитарен кордон“, непишано правило кое ги спречува да соработуваат со крајната десница.

Текстот беше поддржан и од 17 пратеници од централно-десничарската партија на поранешниот премиер Едуар Филип, Хоризонт.

Зачлени се на нашиот е-билтен