Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Француските авантуристи на Пежо 2025 ја запознаа Крива Паланка и донираа училишна и спортска опрема

Над 600 Французи, со околу 200 возила, дел од авантуристичкиот караван со “Пежо 205”, пристигнаа во Крива Паланка – единствената општина во Северна Македонија, домаќин на Europ’ Raid.

Во чест на нивната посета, се одржа културна размена со македонски фолклор и франкофонски хепенинг во дворот на ООУ “Св. Јоаким Крчовски”, а француските авантуристи  донираа училишна и спортска опрема, училишен прибор и спортски реквизити.

„Ја поздравувам уште еднаш иницијативата што прераснува во традиција – веќе четврти пат  нашиот град да биде единствен град – домаќин на ова несекојдневно, уникатно, авантуристичко здружување, со една мисија: солидарност и испраќање пораки за почит, разбирање и културна размена помеѓу луѓето. Францускиот  караван на возила ја носи универзалната порака од младите за младите – да се биде хуман, да се надминуваат границите и бариерите, да се трага по знаења и да му се радуваме на животот“, истакна градоначалникот на Крива Планка Сашко Митовски во своето обраќање пред гостите.

На настанот присуствуваа Даниел Меркез, прв секретар во Амбасадата на Франција, Бенжамин Леден и Жереми Бланден, претседатели и организатори на Ероп Ред и  Жулиет Бертран, одговорна за логистика на Ероп Ред, кои се заблагодарија на гостопримството, како и на професорката Елена Николовска која е најзаслужна за едукацијата и љубовта кон франкофонијата во општината. Благодарност за донираната опрема, пак изрази директорката на ООУ „Свети Јоаким Крчовски“,  Анита Стојковска.

Овој настан е значајна компонента од  мисијата на Europ’ Raid за меѓународна солидарност. Младите Французи минуваат низ 20 европски држави, вклучувајќи ја Македонија, со цел да се запознаат со различни култури и нации, а истовремено да споделуваат заеднички вредности. Преку јазикот што ги зближува и солидарноста, тие ја носат порака дека младите се носители на подобро утре.

Културните активности и пречекот на француските авантуристи годинава се дел од  Кривопаланечко културно лето, што потврдува дека Крива Паланка е вистински “Град на културата”.

Зачлени се на нашиот е-билтен