Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Француските судии издадоа налог за апсење на сирискиот претседател

 Француските судии издадоа налози за апсење на сирискиот претседател Башар ал Асад, неговиот брат Махер ал Асад и двајца високи сириски функционери, кои ги обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје против цивили во Сирија во 2013 година, објави независна експертска организација Civil Rights Defenders со седиште во Стокхолм, кој се занимава со заштита на човековите права и неименуван судски извор. 

Налозите за апсење, кои се однесуваат на обвиненијата за соучесништво во злосторства против човештвото и соучесништво во воени злосторства, беа издадени по кривична истрага за два напади со хемиско оружје во сирискиот град Дума и областа Источна Гута во август 2013 година, во кои загинаа повеќе од 1.000 луѓе. 

Тоа е прва меѓународна потерница издадена по претседателот на сириската држава, чии сили брутално ги задушија протестите кои започнаа во 2011 година, а експертите на ОН ги оценија како воено злосторство.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново