Германскиот град Франкфурт планира за прв пат да постави специјални украси за осветлување за муслиманскиот свет месец Рамазан за да промовира инклузија и надеж во тешки времиња, објави денеска агенцијата ДПА.
Полумесечини, ѕвезди и написите „Среќен Рамазан“ веќе се поставени во центарот на градот за да се одбележи месецот на пост, молитва и рефлексија.
Годинава Рамазан започнува во недела и трае до 9 април.
Градското собрание го одобри осветлувањето минатата година. Предлогот беше поднесен од групите на градската влада, Зелените, Социјалдемократите (СПД), Слободните демократи (ФДП) и Волт.
Во Франкфурт живеат меѓу 100.000 и 150.000 муслимани, што сочинува речиси 15 отсто од вкупното население, велат тие.
Осветлувањето го симболизира мирниот соживот на сите луѓе во Франкфурт, објасни градоначалничката Наргес Ескандари-Грунберг.
Со овој потег, градот има намера да испрати сигнал во корист на мирот и хуманоста и против исклучивоста и омразата, рече таа.
„Тие се светла на заедништвото, против резервираноста, против дискриминацијата, против антимуслиманскиот расизам и исто така против антисемитизмот. Во време на кризи и војни, ова осветлување е знак на надеж за сите луѓе и ја зајакнува кохезијата во нашето разновидно урбано општество “, рече Ескандари-Гринерг во соопштение за медиумите.