Фрчкоски: Програма 300 е дел од новата сила на СДСМ

Граѓаните можат анонимно да пријават што сметаат дека е случај на корупција, штитејќи го сопствениот идентитет, рече Јон Фрчковски

„Новата сила на СДСМ не се само луѓето во раководството. Претседателот Филипче најави Програма кој подразбира регитрација на 300 нови лица во партијата на сите нивоа – во општинските организации, стручните комисии, координаторите на региони, меѓу младите, тоа се новите млади амбасадори на социјалдемократијата. Луѓе со елан, знаење и кредибилитет“, рече Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, во емисијата „Аргумент Плус“ на 24 телевизија.

Во рамките на оваа нова сила, СДСМ исто така го формира Антикорупцискиот тим (АКТ) а ја отвори и новата платформа, веб-страната МИЦКО, преку кој граѓаните можат анонимно да пријавуваат случаи на корупција и злоупотреби во власта, додаде тој.

„Секојдневно се води борба против корупцијата, скоро секојдневно се појавуваат информации и скандали. Дојдоа премногу информации за сериозни корупциски скандали, тендерски шеми и проблематични ситуации во институциите. Се формираше антикорупциски тим, предводен пред се од млади, но и компетентни лица во различни области. Тие работат на анализа на она што сметаме дека е спорно и на негово јавно објавување. Во моментов, многу информации стигаат од институциите, ситуацијата воопшто не е едноставна“, истакна Фрчкоски.

„Сѐ она што сметаме дека е во јавен интерес ќе го објавиме и ќе го комуницираме. Граѓаните можат анонимно да пријават што сметаат дека е случај на корупција, штитејќи го сопствениот идентитет. Сè е многу внимателно проверено. Сѐ што партијата јавно го објавува е поткрепено со документи коишто се јавно достапни , не измислици или инсинуации“ рече членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен