Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фронтекс: Илегалната имиграција од Западна Африка во земјите на ЕУ е зголемена за 10 пати

 Илегалната имиграција од Западна Африка во земјите на ЕУ се зголемила повеќе од десет пати на годишно ниво во јануари, а запирањето на миграцијата е невозможно, објави денеска Европската агенција за гранична и крајбрежна стража Фронтекс.

Агенцијата наведува дека очекува приливот на мигранти во земјите на ЕУ да се зголеми оваа година и укажува дека е целосно невозможно да се запре движењето на луѓето.

Податоците на Фронтекс за јануари покажуваат дека рутата преку Атлантскиот Океан е најпрометната за нерегуларна миграција во ЕУ, што претставува речиси половина од скоро 14.000 вкупни пристигнувања минатиот месец.

Зачлени се на нашиот е-билтен