Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фронтекс: Илегалните премини на границите на ЕУ достигнаа највисоко ниво од 2015 година

Европската агенција за гранична и крајбрежна стража Фронтекс денеска соопшти дека бројот на илегални премини на надворешните граници на Европската унија достигнал околу 331.600 во првите 10 месеци од годинава.

Ова е највисокиот вкупен број за периодот од 2015 година, при што централниот Медитеран останува најпрометната миграциска рута, пренесува МИА.

Агенцијата на ЕУ соопшти дека преку централномедитеранската рута, меѓу Северна Африка и Италија, во периодот од јануари до октомври пристигнале повеќе од 143.600 луѓе, што е највисок вкупен број во наведениот период за последните осум години. Фронтекс нагласи дека морските премини сè уште претставуваат рути со најекстремни опасности.

– Податоците на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) покажуваат дека оваа година во Средоземното Море се пријавени 2.468 исчезнати лица, од кои повеќето пловеле по централномедитеранската рута, наведува агенцијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен