Фучович шампион во Винстон-Сејлем: прв трофеј на тврда подлога

Унгарскиот тенисер Мартон Фучович триумфира на АТП турнирот во Винстон-Сејлем (САД) со награден фонд од 798.335 долари, совладувајќи го Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп со 6:3, 7:6(3) за 1 час и 52 минути игра.

Со овој успех, Фучович го освои својот прв трофеј на тврда подлога и вкупно трет на АТП-турот. Претходно беше шампион на земја во Женева 2018 и Букурешт 2024.

За 29-годишниот Ван де Зандшулп, финалето во Винстон-Сејлем беше трето загубено во кариерата, по поразите во Минхен 2022 и Минхен 2023, па Холанѓанецот и натаму ја чека првата АТП титула.

Зачлени се на нашиот е-билтен