Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Бојковска полни уста со Данела, иако знае дека институциите одговорни за ѓубрето ги предводат нивни кадри

Арсовска вели дека меѓу другот за ѓубрето низ Скопје се одговорни и градоначалници на Мицкоски кои сред избори повикаа граѓаните да фрлаат кабаст отпад, а немаат ни ресурси ни механизација да го собираат истото, па тоа ѓубре се мачат да го собираат вработените од КХС кои веќе се на крај на силите.

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска за ѓубрето во Скопје, посочи дека бил виновен кон Градот Скопје предводен од градоначалничката Данела Арсовска.

Во емисија на Канал 5, Бојковска изјави дека било погубно главниот град да биде затрупан со ѓубре и со смет.

„Ситуацијата е веќе апокалиптична, тоа што го гледаме на терен е неодговорно и буквално за срам. Надлежностите коишто ги има Град Скопје, очигледно, гледаме дека не ги извршува“, вели Драгана Бојковска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера се јави и премиерот Христијан Мицкоски кој меѓу двата изборни круга рече дека ќе има и инспекциски надзор за работењето во Град Скопје.

„Се задолжуваат Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје, во соработка со Министерството за внатрешни работи, согласно своите законски надлежности, веднаш да почнат со координиран вонреден инспекциски надзор на територија на Град Скопје, со цел утврдување на состојбата со комуналниот и друг вид на отпад и преземање соодветни мерки и активности“, најави владата преку соопштение до медиумите.

На ваквите прозивки актуелната градоначалничка Арсовска преку фб му се обрати на премиерот Мицкоски посочувајќи дека сите институците, па и „Комунална хигиена“, ги раководат кадри од владејачката коалциција

Мицкоски несреќо, на кого се закануваш?“

„Те велича Орце Самка Ѓорѓиевски дека си Господ и си почнал да веруваш дека си семоќен? Политички прогон сакаш да правиш несреќо.
За ѓубрето низ Скопје е одговорна твојата криминална структура во Комунална хигиена на чело со Јулијана Спировска која е претседател на Управниот одбор (земи читај допис ако имаш време меѓу заканите и правење бизнис). За ѓубрето низ Скопје се одговорни твоите градоначалници кои сред избори повикаа граѓаните да фрлаат кабаст отпад, а немаат ни ресурси ни механизација да го собираат истото, па тоа ѓубре се мачат да го собираат вработените од КХС кои веќе се на крај на силите.

За ѓубрето низ Скопје е одговорно твоето Министерство за здравство кое милиони му должи на Комунална хигиена. Нив ќе им влезеш ли со полиција несреќо? По корумпирана и по плитка власт од твојата не постоела, ни ќе постои некогаш во Македонија. Уствари заборавив Северна, бидејќи и името дека ќе го вратиш лажеше како и за сѐ друго што лажеш денес“, порача градоначалничката во јавна објава на социјалните мрежи.

Зачлени се на нашиот е-билтен