Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фуркан Салиу ден пред да биде уапсен: Бизнисмени се жалат дека плаќаат рекет на градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

„Не можевме да го потврдиме, бидејќи се плашеа бизнисмените, но доаѓаат и ми плачат во канцеларија дека мора 50-50 да делат со одреден градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ“, откри новинарот Фуркан Салиу во гостувањето на „Инфомакс“ во саботата, ден пред да биде уапсен.

Тој кажа дека се понудил да постават камери и да го снимаат рекетот, но биле исплашени дека така можеби ќе им го затворат бизнисот.

„Тоа се случува навистина, луѓето плачат, викаат мора рекет да плаќаат во општина“, рече Салиу за „Инфомакс“.

Новинарот Салиу минатата недела го објави оперативниот план на ВМРО-ДПМНЕ со кој се предвидува креирање на лажни вести, лажни анкети, но и злоупотреба на податоци од државните институции со цел добивање на гласови.

Салиу разговарајќи за аферата која ја обелодени и оперативниот план на ВМРО-ДПМНЕ за креирање на лажни вести и лажни анкети, откри дека поседува аудио снимка на која се слуша што е договарано во ВМРО-ДПМНЕ.

Тој, сепак, рече дека нема да ја објави таа снимка, доколку не мора, но од разговорот со домаќините на поткастот потврди дека ја поседува снимката на која точно се слуша како се организирале тие лажни анкети, но и како се плаќале.

„Јасно се слуша таму за што се разговара, за какви анкети. И како тоа се плаќа“, вели Салиу за Инфомакс.

На тоа се надофрлува уредникот на Инфомакс, Александар Митовски кој кажува дека на снимката зборува Мицкоски.

„Зборува Мицкоски со јасни инструкции кој како. И знае по испитаник колку чини“ рече Митовски.

Вчера попладнето Салиу беше уапсен на фудбалски натрепвар од страна на специјалци на ЕБР, по наредба на началници поставени од техничкиот министер за внатрешни работи поставен од ВМРО-ДПМНЕ, Панче Тошковски.

Зачлени се на нашиот е-билтен