Габард и ги прекина разузнувачките информации на Украина

Доналд Трамп, претседателот на САД и Тулси Габард, шефицата на националното разузнавање на САД, февруари 2025 г. | Фото: Канцеларија на директорот на Националното разузнавање на САД (Office of the Director of National Intelligence), јавен домејн, Викимедија комонс
Доналд Трамп, претседателот на САД и Тулси Габард, шефицата на националното разузнавање на САД, февруари 2025 г. | Фото: Канцеларија на директорот на Националното разузнавање на САД (Office of the Director of National Intelligence), јавен домејн, Викимедија комонс

Американската директорка на националното разузнавање, Тулси Габард, со директива од 20 јули наредила целата анализа и информации за руско-украинските мировни разговори да бидат означени „NOFORN“ (без споделување со странци), со што фактички ги исклучила најблиските сојузнички служби од мрежата „Five Eyes“ (В.Британија, Канада, Австралија, Нов Зеланд), објави CBS повикувајќи се на повеќе американски разузнавачки извори. Истата статија наведува дека директивата не го спречува дипломатското разменување информации и не се однесува на оперативните податоци за боиштето што САД ги споделуваат со Украина. Подоцна портпаролката на ОДНИ на „Х“ оцени дека известувањето е неточно.

Politico Europe јави дека потегот е второ значајно ограничување годинава по мартовата одлука на администрацијата на претседателот Доналд Трамп привремено да го прекине споделувањето разузнавачки податоци со Киев за да се поттикнат преговори со Москва. Reuters и други медиуми тогаш пренесоа дека суспензијата е потврдена од ЦИА и траела кратко, но оставила трага врз довербата.

Паралелно, Wall Street Journal објави дека Вашингтон размислува употребата на разузнавачкото споделување како инструмент за притисок во рамки на мировниот процес, а сигнализира и можност САД да обезбедат воздушна поддршка за европска безбедносна мисија во Украина, без распоредување копнени трупи.

Контекстот го дополнува најава на Габард за „ODNI 2.0“ – длабока реорганизација и кратење на личниот состав на Канцеларијата на директорот за национално разузнавање за над 40%, со укинување/спојување единици за борба против малигно влијание и сајбер-закани. Планот предизвика поделени реакции во Конгресот.

Зачлени се на нашиот е-билтен