Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Габриела Јаковлева именувана за директорка на Агенцијата за разузнавање

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска донесе одлука за именување на Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање и одлука за разрешување на досегашниот директор Еролд Муслиу.

Сиљановска Давкова, како што информираат од нејзиниот Кабинет, денеска ја разрешила и заменичката директорка во Агенцијата за разузнавање Александра Бакреска Додовска и ја именуваше Ивана Стојановска.

Габриела Јаковлева и Ивана Стојановска се долгогодишни професионалци во Агенцијата за разузнавање.

Зачлени се на нашиот е-билтен